еМагазин
Свет ТОП СТОРИИ

(Видео) Обид за атентат на Трамп, има и убиени

На предизборен митинг во Батлер, Пенсилванија, вчера имаше неуспешен обид за убиство на поранешниот претседател на САД, Доналд Трамп, кој за неколку дена и официјално ќе биде кандидат за нов претседател на Републиканската партија на престојните избори во ноември.

Според информациите кои ги објавија американските медиуми, но и според објавената снимка од обидот за атентат, кон Трамп е пукано неколку пати, неофицијално од снајпер.

Тој е погоден во десното уво.

Медиумите објавија различни податоци за бројот на жртвите, а напаѓачот, кој не бил на митингот, е убиен од Тајната служба.

Си-ен-ен јави дека загинале најмалку две лица кои присуствувале на митингот, а едно е потешко повредено.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

(Видео) Објавена снимка од убиениот атентатор на Трамп, имал 20 години

Фото: Трамп/Фејсбук/видео: Твитер

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

„Северномакедонци“ е ненамерна грешка, тврдат од Кабинетот на Макрон

Редакција

(Фото) Запознајте ги супер хероите од скопската Зоолошка градина

Редакција

Запалени три куќи кај селото Побожје, уште гори во кумановскиот и прилепскиот регион

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница