еМагазин
Image default
Локално ТОП СТОРИИ

(Видео) Пукал и објавил видео на Фејсбук: Приведен жител на Црнилишта, полицијата трага по син му

51-годишниот Џ.Ќ. од селото Црнилиште, Општина Долнени е приведен откако на Фејсбук објавил видео како прво пука со пушка, а потоа и со пиштол.

Од Министерството за внатрешни работи (МВР) информираа дека трагаат и по неговиот син, А.Ќ..

Кај Џ.Ќ. бил извршен претрес и се пронајдени неколку парчиња на оружје, за кои имал дозвола

Пронајдена е полуавтоматска ловна пушка, репетирачки карабин и полуавтоматски пиштол, како и 395 куршуми различен калибар, 17 парчиња ловен патрон и еден ресивер поврзан на видеонадзор, инсталиран во домот.

Истото е одземено поради сомнение за извршено кривично дело од членот 288 од Кривичниот законик, во кој е санкционирано делото предизвикување општа опасност.

За него ќе следува и постапка за одземање на дозволата за поседување оружје.

Фото/видео: МВР

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Комисијата за заразни болести во среда ќе расправа за состојбата со „мајмунски сипаници“

Редакција

„Македонски Телеком“ го доби тендерот на ЈСП-Скопје за комуникациска инфраструктура вреден 2,2 милиони евра

Редакција

Ќе важат до истекот на нивниот рок, личните карти со старото име не требаа да се менуваат

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница