еМагазин
Балкан ТОП СТОРИИ

(Видео) Реки од луѓе по улиците на Грција на масовните протести по новите докази за несреќата кај Темпи

Реки од луѓе се слеа по улиците на Грција на денешните масовните протести по објавувањето на новите докази за железничката несреќа кај Темпи, во која загинаа 57 лица, претежно млади, јавува дописникот на еМагазин од Солун.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

По нов доказ за железничката несреќа кај Темпи, денеска масовни протести низ Грција

Во медиумите беше објавена аудио снимка која покажува дека околу 30 лица го преживеале сударот на патничкиот и товарниот воз, но загинале поради недостаток на воздух и експлозијата во товарниот, кој носел запаливи хемиски течности, за кои медиумите во Грција објавија дека се пренесувале нелегално.

Во снимката која ја шокираше Грција, се слуша како девојка вели: „Не можам да дишам“, „Имам многу малку воздух“, а на крај од повикот и вели на пријателката: „Ќе умреме… Марти, те сакам.“

Масовно се протестираше во Атина, Солун, како и во многу други градови низ Грција, но и низ Европа и светот каде живее и работи грчка дијаспора.

Протестот го организира Здружението на роднините на жртвите „Темпи 2023“, кое бара детална истрага за експлозијата во товарниот воз и одговорност за пожарот кој следел по сударот.

Подршка дадоа опозициските партии СИРИЗА, ПАСОК, Комунистичката партија и Нова левица, бројни синдикати, здруженија, навивачки групи, анархистички движења….

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

(Видео) 40 илјади Грци дојдоа на концерт на кој се собираа пари за правни услуги за семејствата на загинатите во железничката несреќа во Темпи

(Видео) „Не забораваме„: Цела Грција штрајкува на годишнината од трагичната несреќа кај Темпи

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Ел Чека објави нова „бомба“ за „Монструм“

Редакција

ДУИ станува „зелена партија“: Изненадувањето е тоа што ќе се грижеле за животната средина

Редакција

За грчката Православна црква е прифатлива автокефалноста на Охридска Архиепископија, но не и името МПЦ

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница