еМагазин
Image default
Забава ТОП СТОРИИ

(Видео) „Те љубам“– нова песна од Браво бенд

Страниците од приказната на момците од Браво бенд, како што и најавија, продолжуваат да се испишуваат со нови нумери, а овој пат место на нив има за песната со наслов „Те љубам“.

Свежина во звукот сега дечките внесуваат преку Весна Малинова, која се потпишува како автор на музиката и текстот и која во музицирањето на Браво бенд го внесува својот препознатлив стил. Аранжманот, пак, на оваа поп-балада е со потписот на Јован Лазаревиќ – Тукс и Милан Мијаловиќ.

Песната излегува во исто време со спот, за кој и овој пат беше задолжен веќе проверениот соработник на Браво бенд, Ѓорѓи Вацев, а кадрите за видеото се снимени на локации во Битола и на Пелистер.

„Те љубам“ е композиција за која е снимена и српска верзија и истата според најавите во етерот ќе биде пуштена во текот на следната недела, а доаѓа по одличните „Катаклизма“ и „Љубав преко мреже“.

„Како што и ветивме на промоцијата на „Љубав преко мреже“ овој пат сакавме на јавноста прво да ѝ ја претставиме македонската верзија. Ветивме и дека ќе нѐ има повеќе, па се трудиме и тоа ветување да го одржиме.

Сакаме и да бидеме што е можно стилски поразлични затоа што освен што свириме сѐ, сакаме во нашиот опус буквално да има за секого по нешто“, велат момците од Браво бенд, кои освен што се различни кога станува збор за новите песни, такви се и кога се во прашање живите настапи.

Промотивна објава

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

По „бугарскиот кош“: Повелете, наведнати сме, има ли уште некој проблем со Македонците?

Редакција

(Фото) Непознат херој во Скопје остави кошница полна со храна за семејства кои западнаа во криза

Редакција

За Пелистерка понудата на Комерцијална за откуп на акциите на Стопанска банка Битола е несоодветна

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница