еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Вилма Русковска не е повеќе јавен обвинител, едногласно ја разреши Советот на јавни обвинители

Вилма Русковска не е повеќе јавен обвинител. Денеска едногласно таа беше разрешена од страна на Советот на јавни обвинители.

Оваа е епилогот од дисциплинката постапка која беше покренета против поранешната шефица на Обвинителството за гонење организиран криминал и корупција, поради претресот во Управата за финансиска полиција пред година и пол, кога Управата ја водеше Арафат Муареми, кој и поднесе кривична пријава.

Советот денеска го усвои предлогот на Комисијата за утврдување дисциплинска одговорност за разрешување на обвинителката.

Едногласно е одбиена и нејзината жалбата во врска со предлогот за нејзино разрешување.

Предлогот за поведување дисциплинска постапка против Русковска и уште две обвинителки го даде републичкиот јавен обвинител Љубомир Јовески, кој дополнително ја суспендира Русковска од работното место во август 2022 година.

Во јуни Обвинителството за гонење организиран криминал и корупција, со новиот шеф Ислам Абази, ги затвори предметите за Муареми и вработени истражители, бидејќи утврдило дека не постои основно сомнение дека пријавените ги сториле кривичните дела.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Вилма Русковска: Политиката ми затвори многу врати

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Во Македонија 105 лица починале од СИДА, во октомври заразени две момчиња

Редакција

(Видео) ВМРО-ДПМНЕ продолжи со аферата „Паразити“: Директорите на ЕСМ и МЕПСО, Ковачевски и Муртезани, со месечна плата од 1.700 евра

Редакција

Руско-украинската криза може да влијае на цената на струјата, вели Бектеши

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница