Владата на денешната седница одлучи платите на вработените во Фондот за здравствено осигурување (ФЗО) да останат исти до 31. мај.
„Почитувани колеги, соработници на Фондот за здравствено осигурување, денеска премиерот Талат Џафери во тесна соработка со нас како Фонд и други надлежни институции донесоа заедничка одлука за иста вредност на платите (до 31.05.2024 година). Оваа одлука ќе важи до трајното решение кое секогаш ќе биде во корист на вработените.
Му благодариме на премиерот Џафери и на владиниот кабинет за стручната поддршка за надминување на овој проблем“, соопшти вечерва директорот на ФЗО, Асаф Абдурамани на Фејбсук.
Утре ќе се знае, дали тие ќе го прекинат штрајкот.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ