Владата подготвува план за лимитирање на цените на производите коишто се неопходни за успешен и порелаксиран старт на учебната година, информираше денеска премиерот Христијан Мицкоски.
„Правиме анализа на сите тие трошоци и мислам дека таа во текот на денот денеска ќе биде готова и веќе на утрешната редовна седница на Владата ќе излеземе со план за лимитирање на цените на производите коишто се неопходни за успешен и порелаксиран старт на учебната година, пред сé за родителите, односно лимитирање на цените на производите коишто се најпотребни за да имаме успешен старт на учебната година, но и периодот после летото да можеме да го поминеме“, изјави тој.