еМагазин
Image default
БЕСПАРИЦА ТОП СТОРИИ

Владата преку измени на Тарифникот да ги намали цените на полисите за задолжително осигурување од автомобилска одговорност, велат од АСО

Агенцијата за супервизија на осигурување (АСО) ја охрабрува Владата, согласно своите законски надлежности, да ги заштити правата на осигурениците и преку измени во Тарифникот да ги намали цените на полисите за задолжително осигурување од автомобилска одговорност, информираат од таму.

-АСО како регулатор на пазарот на осигурување уште еднаш јавно информира дека е целосно неоправдан и без основа потегот со кој осигурителните компании ги зголемија цените на осигурувањето од задолжителна автомобилска одговорност.

Клучните аргументи против зголемување на цената се наведени во анализата што е доставена до надлежната комисија при Министерството за финансии.

Зголемувањето на цената на осигурувањето не е во функција на јакнење на заштитата на осигурениците. Напротив, ова зголемување на цените е само и исклучиво во функција на покривање на трошоците за оперативно работење на компаниите за осигурување, велат од АСО.

Анализата е достапна на следниот линк aso.mk.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Од денеска треба да се вратат старите цени на авто-полисите

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Регулаторната комисија за енергетика вработува шест лица, плата до 53.413 денари

Редакција

Убава вест за туристите: Грција до летото ќе ги укине сите рестриктивни мерки наметнати заради ковид-пандемијата

Редакција

Научници од Крагуевац развија лекови за рак кои не ги оштетуваат здравите ткива

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница