еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

ВМРО-ДПМНЕ и ЗНАМ почнаа преговори за коалицирање

Движењето ЗНАМ – За наша Македонија и ВМРО-ДПМНЕ и официјално започнаа преговори за коалицирање. Денеска имало средба помеѓу работните групи на двете партии.

„На средбата беше дискутирано за различни стратешки цели, политички принципи и политичка платформа за соработка меѓу двете групи. Движењето ЗНАМ – За наша Македонија, ги истакна своите идеолошки столбови кои се фокусираат на претворање на Македонија во модерна, демократска, европска држава. Овие столбови се засноваат на илинденските и асномските вредности, со цел достоинствена интеграција во Европската Унија.

За време на дискусиите, претставниците на Движењето ЗНАМ инсистираа нивните определби и програмата за парламентарните избори насловена „Проглас за достоинствена Македонија“ да бидат вградени во идната владина програма. Оваа програма има за цел да ги одрази нивните основни вредности и стратешки цели за развој на земјата,“ информираа од ЗНАМ.

Фото: ЗНАМ

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

938 државни административци вработени според Рамковниот договор и натаму ќе седат дома, а ќе добиваат плата

Редакција

Не постоеја индиции за атентат врз Османи во Молдавија, велат од МНР по информациите во молдавските медиуми

Редакција

Корисниците на А1 Македонија добиваат неверојатни 100GB мобилен интернет месечно, компанијата го слави вториот роденден

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница