Во Гевгелија, трета година по ред, ќе има организиран дочек на Новата година на Градскиот плоштад.
Годинава, за забавата за највеселата ноќ во гoдината се задолжени Оливера Станковска, „Лајф бенд“ и триото „Хитс“ во состав на Моки, Марија и Слободан.
Исто така, ќе настапат и КУД „Танец“ од Миравци и популарниот Дејан Малзарков со stand up комедија – Diverzija.
Гостин на вечерта ќе биде и познатиот македонски пејач, Ристо Самарџиев со пријателите.
Водител на Новогодишниот дочек на 2024 година, кој започнува во 20:00 часот, на 31. декември, ќе биде Никола Опров.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Кој сè ќе настапи за дочекот на Нова година во Охрид
„Ваква елка нема ни на Али Експрес„: Твитер реакции за елката во Скопје
(Галерија) Куманово новогодишно украсено