еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Во МАНУ има членови од албанска националност, вели академик Фити

Академик Таки Фити ја оцени за апсурдна идејата на коалицијата „Вреди“ за формирање на Академија на Албанците за наука и уметност, бидејќи како што вели, во ниту една современа земја, нема две национални академии.

„Постои само една која што е репрезент на научната мисла на конкретната земја. Академијата е национална, но тоа не значи само на Македонците, туку на сите други етникуми во Македонија. И порано и сега, имало академци кои биле високо почитувани со различна етничка припадност.

Имало и Власи, Турци, Албанци, дури има и една Полјачка. Денес во Академијата имаме четири членови од албанска националност, од кои двајца се активни и работат. Академиците Беџети и Абази како редовни членови, додека како дописен член е академик Зеќири,“ изјави Фити за Локално.мк.

Тој се потсети и на еминентниот писател Луан Старова, кој почина во 2022 година.

„Во МАНУ, академиците нема статус на вработени, туку вработени во Академијата се административниот и техничкиот персонал во рамки на Секретаријатот и научни соработници со научни звања. Не бегаме од тоа да примиме Албанци, Власи или Турци – проблем е дали луѓето ќе се јават на конкурс.

Имавме низа конкурси и ниту еден Албанец не ни се јавил, зборувам за техничкиот персонал. Ако ги исполнува условите и критериумите, сигурно ќе биде примен, нас не не интересира националност,“ додава Фити и потенцира дека во наука не смеат да се инкорпираат етнички или политички принципи.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

И СДСМ против отварање на академија на Албанците во Македонија

Во Македонија постои МАНУ како една и единствена Академија, регира владејачката ЗНАМ

Во една држава не може да има две национални академии, вели академик Камбовски

Фото: Влада

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

„Норвешка ти благодарам“: Премиерката Солберг најави враќање на нормалниот живот и укинување на рестриктивните мерки против Ковид-19

Редакција

Поради отсуство на сведок од Царинската управа, одложено судењето за „Беса транс“

Редакција

Во Општата болница во Кочани отворено Ковид одделение, згрижени првите пациенти

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница