Во март се пријавени четири нови случаи потврдени на ХИВ и два на СИДА, стои во Билтенот за движењето на акутните заболувања на Институтот за јавно здравје.
Пет од лицата се од машки пол, а едно од женски пол и припаѓаат на возрасната група од 20 до 44 години.
Согласно постоечката евиденција на пријавени случаи (заклучно со 31.03.2024 година), кумулативниот број на лица регистрирани со ХИВ/СИДА во Македонија, за периодот 1987–2024 година изнесува 651, од кои 127 лица починале, а 524 лица живеат со ХИВ/СИДА.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Зголемување на ХИВ инфекциите кај хетеросексуалната популација, кои се симптомите
Во Македонија над 500 лица живеат со ХИВ, како се пренесува?