еМагазин
Image default
Бизнис ТОП СТОРИИ

Во ноември помалку одобренија за градба

Во ноември 2024 година биле издадени 260 одобренија за градење, што е за 18.2 % помалку во однос на истиот месец од претходната година, соопшти Државниот завод за статистика.

Според издадените одобренија за градење, предвидената вредност на објектите изнесува 4.250.392 илјади денари, што е за 63.8 % помалку во однос на ноември 2023 година.

Намалената предвидена вредност се должи на фактот дека во истиот месец од претходната година било издадено одобрение за градење на објект од нискоградбата со поголема вредност, односно изградба на меѓусебно поврзан (интерконективен) гасовод Македонија – Грција.

Од вкупниот број издадени одобренија за градење, 155 (59.6 %) се наменети за објекти од високоградба, 59 (22.7 %) за објекти од нискоградба и 46 (17.7 %) за објекти за реконструкција.

Од вкупно 260 објекти, на 146 (56.1 %) како инвеститори се јавуваат физички лица, а на 114 (43.9 %) објекти инвеститори се деловни субјекти.

Во извештајниот период е предвидена изградба на 542 станови, со вкупна корисна површина од 49.111 м2.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Која фирма донирала за претседателската кампања на Бујар Османи

Редакција

Кунгуловски со лично искуство од вакцинацијата со „Фајзер/Бионтек“: Вакцината делува како што и се очекува мојот имун систем започнал со производство на антитела

Редакција

(ВИДЕО) Малиот Марко Пејчиновски на Голема Богородица ќе плива маратон од 64 км за лицата со ретки болести

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница