еМагазин
Image default
Балкан ТОП СТОРИИ

Вучиќ на официјална средба со Путин во Москва

Српскиот претседател Александар Вучиќ се сретна со неговиот руски колега Владимир Путин во Москва, Русија.

Вучиќ средбата ја оцени за исклучително важна, бидејќи директно со Путин разговарале и разменувале мислења за прашања од заеднички интерес.

„Посебна тема на разговорот беше енергетската соработка. Повторив дека е од витално значење Србија да потпише нов договор за гас со Русија, особено имајќи предвид дека пред нас претстојат исклучително важни капитални и развојни проекти, за кои е неопходно да се обезбеди безбедност.

Разговаравме и за сите други прашања од заеднички интерес, разменивме мислења за актуелните глобални геополитички движења, како и за ситуацијата во регионот на Западен Балкан и предизвиците со кои се соочуваме,“ напиша Вучиќ на Фејсбук.

Известувачот на Европскиот парламент за Србија, пак Тонино Пицула изјави дека по заминувањето на Вучиќ на воената парада во Москва, ќе биде многу тешко да се залага за побрз напредок на Србија во процесот на приклучување кон Европската унија (ЕУ).

„Бидејќи тој отиде на таа парада организирана од Владимир Путин, ќе биде многу тешко за кој било од политичарите во ЕУ кои се пријателски настроени кон Вучиќ да продолжи да се залага за некаков побрз напредок за Србија во процесот на пристапување или можеби дури и да ги игнорира отворените проблеми со кои владата на Вучиќ неуспешно се справува во земјата со месеци,“ рече Пицула.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

(Видео) Вучиќ се јави од Москва

Фото: Вучиќ/Фејсбук

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

„Видете Рашко да не има веќе наплатено патент за софтвер за ненаплаќање на Срби„: Твитер реакции за бесплатната патарина

Редакција

Сите вакцините се безбедни, но кинеските се покажаа помалку ефикасни кон делта сојот од мРНА вакцините, вели Грозданова

Редакција

Јанев останува привремен премиер, а Стоев министер за надворешни: Радев ја престави новата техничка Влада на Бугарија

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница