еМагазин
Image default
Забава ТОП СТОРИИ

(Галерија) Во „Сириус“ се одржа традиционалниот маскенбал, како дел од карневалските свечености во Струмица

Во хотелот „Сириус“ се одржа традиционалниот маскенбал, како дел од карневалските свечености и своевидна увертира во утрешната интернационалната карневалска поворка од големиот Струмички карневал.

„Во друштво на гости од балканските земји, како и претставници на FECC од повеќе европски земји, на чело со претседателот на FECC, Ларс Алгел, присуствуваше и градоначалникот Костадин Костадинов, кој и годинава ја има улогата на покровител на Струмичкиот карневал.

Маскенбалот помина во извонредно весела атмосфера, за која се погрижија водителот Игор Џамбазов и македонската поп дива Александра Јанева, а за принц и принцеза беа избрани Лефтер и Цветанка Андонови, кои утревечер ќе бидат дел од царската свита што ќе ја предводи интернационалната карневалска поворка на Струмичкиот карневал,“ се вели во соопштението на Општина Струмуца.

Осумдневните празнувања под маски ќе траат до среда, кога клучот на градот повторно ќе му биде вратен на градоначалникот Костадинов од страна на струмичките карневалисти.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

(Галерија) Започнаа карневалските свечености во Струмица

Фото: Општина Струмица

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Зборот Македонија со промена на Уставот останува само во член 36: Што пишува во него?

Редакција

Најчевска за изборот на Абази: За мене овој избор е само уште една цигла во зградата на мафијата која ја држи државата во заробеништво

Редакција

Групата на Палевски, неофицијално, имала списоци за изнуди и ликвидации, вели Ременски

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница