еМагазин
Image default
Спорт

Генералниот секретар на Меѓународниот комитет на Медитеранските игри во посета на МОК

Генералниот секретар на Меѓународниот комитет на Медитеранските игри (МКМИ), Јаковос Филипусис, му го додели Златниот медитерански венец на претседателот на МОК, Даниел Димевски, за неговиот голем придонес во развојот на спортот на меѓународно ниво, особено на Медитеранските игри како заменик-претседател на маркетинг комисијата на МКМИ, информираат од таму.

Овој момент претседателот Димевски го искористи за да се заблагодари на МКМИ за досегашната поддршка и помош, но и да побара нови проекти за унапредување на македонскиот спорт за потребите на националните спортски федерации.

Генералниот секретар на МКМИ, Филипусис, даде силно ветување за зголемување на финансиската помош на МОК, односно за македонските спортисти, особено за оние кои учествувале или ќе учествуват на идните Медитерански игри.

Исто така, Филипусис вети помош и за учество на најдобрите македонски спортисти и национални спортски федерации на соодветни тренинг кампови за високи спортски резултати во поединечни спортови, каде би тренирале со најдобрите спортисти од Медитеранот, со посебен осврт на унапредување на знаењето на тренерскиот кадар и кадарот задолжен за здравјето на спортистите преку примена на најновите достигнувања во областа на спортската медицина.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

(Фото) Доделени наградите „13 Ноември“ од Сојуз на спортови на Скопје

Редакција

Авицена женска трка се одложува за 6-ти септември

Редакција

Почина поранешната ракометна репрезентативка Јулија Портјанко

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница