еМагазин
Image default
Балкан ТОП СТОРИИ

Градоначалникот на Тирана уапсен за корупција, на неговата сопруга во отсуство и е одреден куќен притвор

Градоначалникот на Тирана, Ерион Велиај е уапсен за корупција и изречена му е мерка затворски притвор. На неговата сопруга Ајола Џоџа, во отсуство и е одреден куќен притвор. Таа се наоѓа во Рим, пренесуваат албанските медиуми.

Специјалното обвинителство против организиран криминал и корупција, (СПАК) водеше истраги поврзани со повеќе обвиненија, како злоупотреба на службената положба, активна корупција, пасивна корупција, непријавување имот и перење пари.

На 6. декември, по налог на Специјалниот суд беше извршен претрес во домот на Велиај, во неговите службени канцеларии, како и работните простории на неговата сопруга, на која и беше земен и мобилниот телефон.

Специјалниот суд определи мерка редовно јавување во судот за пет бизнисмени кои добивале сомнителни тендери од Општина Тирана. Истрага е почната и против пратеничката К.Б. за дела кои го спречуваат дознавањето на вистината, се наведува во соопштението на СПАК.

Со одлука на судот на сите лица опфатени во ова досие привремено им е конфискуван недвижен имот, вили, станови, а на сопругата на Велиај, Џоџа и граѓанска организација преку која и биле префрлувани пари, блокирани се средства од околу 900.000 евра во две банки.

Фото: Фејсбук/Велиај

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Охрид „врие“ од туристи: Искористени 1.996 ваучери за домашен туризам во периодот од 15 до 23 јули

Редакција

Размислувам за смена на државниот грб, не ми паѓа на памет да се менува химната, вели Мицкоски

Редакција

ОЈО Битола бара замрзнување имот за злоупотребата при јавната набавка во РЕК Битола

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница