еМагазин
Image default
Спорт ТОП СТОРИИ

Грчки АЕК ги обвини македонските власти за откажувањето на натпреварот со Алкалоид

Синоќа како што е познато не се одигра финалниот натпревар на ЕХФ Европскиот куп помеѓу македонскиот ракометен клуб Алкалоид и грчкиот АЕК.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Не се одигра мечот помеѓу Алкалоид и АЕК, управата на грчкиот клуб не им дозволи на играчите да излезат на терен

За откажувањето на натпреварот грчкиот клуб ги обвини македонските власт или како што ги нарече во соопштението “локалните власти“, иако причината е што грчките навививачи дошле во поголем број од договорените 200, па биле вратени на граница.

Дел од навивачите на АЕК дојдоа во Скопје, но и се заканија на управата на клубот да не го игра натпреварот, по што и тие се вратија во Грција.

„АЕК значи чест, гордост, почит, морални вредности. АЕК значи семејство, АЕК значи единство! Најголемата поддршка на АЕК низ времето е нејзината навивачка база. А непочитувањето на тие навивачи е и непочитување кон АЕК.

Вечерва раководството на АЕК, со еден глас, донесе тешка, но неопходна одлука.

Ниту една сила не може да го оштети овој народ, како што се обидоа да направат локалните власти во Скопје, кулминирајќи со тоа што не им дозволија на некои од нашите навивачи да ја поминат границата и да влезат во земјата, иако тоа беше договорено на утринскиот безбедносен состанок.

Сите сме тука, продолжуваме обединети, честа на АЕК не е предмет на преговарање“, велат од АЕК.

Во првиот натпревар помеѓу двата тима во Атина, Грција, Алкалоид победи со 29:25.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Мечот помеѓу Алкалоид и АЕК не се одиграл поради безбедносни причини, срамно соопштение од ЕХФ

(Видео) Алкалоид на чекор до европската титула, во Атина го победи АЕК

Фото: РК Алкалоид

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Обвинителство со детали за притворот за Камчев

Редакција

Го прекрши ли Џафери Деловникот со одложувањето на гласањето за уставните измени

Редакција

Поради ковид-состојбата, Бугарите забранија влез за граѓаните од Македонија од 19 јануари

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница