Спортската, но и пошироката јавност е во шок, а социјалните мрежи се преплавени со негативни реакции за вчерашното одложување на натпреварот на ЕХФ Европскиот куп помеѓу македонскиот ракометен клуб Алкалоид и грчкиот АЕК.
Како што е познато во салата „Борис Трајковски“ на терен не излегоа грчките играчи, оти тоа не им го дозволи управата на тимот.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Да потсетиме дека АЕК слично нешто направи и на натпреварот со српски Партизан во Белград, Србија, кога на реваншот, поради предмети фрлени од публиката, грчките играчи се повлекоа од теренот, а натпреварот потоа се одигра минатиот месец во Шумен, Бугарија.
На натпреварот во Атина, Грција, Партизан изгуби со 27-22, а на реваншот победи со 24:19, а АЕК по пенали продолжи во полуфиналето.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Грчки АЕК ги обвини македонските власти за откажувањето на натпреварот со Алкалоид
Мечот помеѓу Алкалоид и АЕК не се одиграл поради безбедносни причини, срамно соопштение од ЕХФ
(Видео) Алкалоид на чекор до европската титула, во Атина го победи АЕК
Фото: РК Алкалоид