Топ тема во Хрватска е информацијата дека во двор во куќа во Вараждинската жупанија се пронајдени закопани две бебиња, кои биле родени во домашни услови, а после една година биле пронајдени мртви.
За нив нема информации во системот на државата дека воопшто постоеле.
Според хрватските медиуми тие биле изгладнети до смрт, а за среќа третото дете е згрижено од страна на институциите. Тоа било пронајдено во тешка здравствена состојба и било неухрането.
Родителите, кои се членови на верска секта, се уапсени. Тие се на возраст од 38 и 34 години и не биле венчани.
Случајот е откриен откако локалните жители го забележале неухрането дете и пријавиле сомнително однесување на родителите.