еМагазин
Image default
Локално ТОП СТОРИИ

Две лица на 38-годишна возраст и едно на 64-годишна возраст се загинатите во сообраќајката на патот Кичево-Гостивар

Во сообраќајката која синоќа се случи на магистралниот пат Кичево-Гостивар, кај место викано „Сеферов бунар“, загинале маж и жена на возраст од по 38 години и маж на возраст од 64 години.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Три лица загинаа во сообраќајка на патот Кичево – Гостивар

Станува збор за 38-годишниот Х.Е. од Гостивар, кој управувал возило „опел“ со кичевски регистарски ознаки, едно од трите возила кои учестувале во сударот, кој починал на лице место и неговата сопатничка 38-годишната Б.Е. од Гостивар, која била пренесена во Медицинскиот центар Кичево, каде починала, а третиот починат е 64-годишниот З.Д. од Битола, кој упраувал со возило „мерцедес“ со кичевски регистарски ознаки, и починал на местото на несреќата, информираа од Министерството за внатрешни работи.

Нивните тела се дадени на обдукција.

Со третото возило, „форд“ со кичевски регистарски ознаки управувал А.Р. (63) од кичевското село Горно Страгомиште.

Тој се здобил со телесни повреди, како и неговата сопатничка А.А. (67) од кичевското село Колари.

Повреден е и сопатникот од возилото „мерцедес“, Д.С. (37) од Кичево и сопатниците од возилото „опел“- тројца малолетници од Гостивар, како и Р.Е. (60) од кичевското село Шутово.

Министерот за внатрешни работи, Панче Тошковски денеска информираше дека причината за несреќата била големата неприлагодена брзина од страна на еден од учесниците во сударот.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Детали од Обвинителството за сообраќајката на патот Кичево-Гостивар во која загинаа три лица

Фото: Унсплеш

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

(ВИДЕО) Министерот Нуредини на англиски им кажа на новинарите оти нема време за прашања за загадувањето

Редакција

Од Демократскиот сојуз бараат да се промени преговарачка рамка или да се отфрли “францускиот предлог“

Редакција

Тројцата директори на М-НАВ треба да и реферираат на Владата во врска со конкурсот за контролори на летање

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница