еМагазин
Image default
Локално

Денеска посебен сообраќаен режим во Илинден, поради велосипедска трка

Министерството за внатрешни работи (МВР) информира дека денеска во периодот од 12 до 16 часот, поради одржување на велосипедска трка „Трофеј Илинден“ во организација на Општина Илинден, Единицата за безбедност на патниот сообраќај при СВР Скопје ќе преземе мерки за посебен режим на сообраќајот, при што сообраќајот ќе се пренасочува по околните сообраќајници.

-Трасата на движење на учесниците на велосипедската трка за рекреативци ќе биде од спортска сала Гоце Делчев, по ул.„9“, ул.„8“ до целта – спортска сала Гоце Делчев, додека трасата на движење на учесниците на велосипедската трка за професионалци ќе биде од спортска сала Гоце Делчев кон општинската зграда Илинден, преку надвозникот во н.Илинден кон Ајватовци, Мршевци, Дељадровци, Текија, Миладиновци, Кадино, Марино до целта – спортска сала Гоце Делчев, велат од МВР.

МВР апелира до граѓаните да ги почитуваат наредбите што ги издаваат полициските службеници по сообраќајниците каде што ќе се одвива настанот.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Го уапсиле на граница по барање на Интерпол

Редакција

Мажот и жената сомнителни на корона вирус кои избегаа од штипската клиника се во домашна изолација

Редакција

Земјотрес ги вознемири граѓаните на Прилеп

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница