еМагазин
Image default
ЖИВОТ ТОП СТОРИИ

Денеска температури до 40 степени, со висок УВ од 9

Времето денеска ќе биде сончево и многу топло со мала облачност. Ќе дува слаб до умерен, а наместа повремено засилен ветер од југозападен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 13 до 20, а максималната ќе достигне од 31 до 40 степени. UV=9.

Во Скопје, како што соопштија од Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР), времето ќе биде сончево и многу топло со мала облачност. Ќе дува умерен, попладне во делови од котлината повремено засилен ветер од југозападен правец.

Минималната температура ќе се спушти до 17, а максималната ќе достигне до 37 степени.

Според УХМР, до четврток ќе се задржи сончево и многу топло време, особено денеска кога дневната температура наместа ќе достигнува до 40 степени. Во четврток кон крајот на денот ќе има услови за локален дожд и ретки грмежи.

Поголема промена на времето со локален пороен дожд, грмежи и значителен пад на температурата се очекува во петок. Во деновите од викендот времето ќе биде стабилно со благ пораст на дневната температура.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Какво лето не очекува: Прогноза на УХМР

Фото: Игор Бансколиев

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Нови 89 случаи на Ковид-19 од 1.271 тест

Редакција

Шпанија донесе закон со кој се дозволува „менструално отсуство“ од работа

Редакција

(Видео) Хаос во скопското кафуле „Мош“: Гости бегале од полициска рација

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница