еМагазин
Image default
Свет ТОП СТОРИИ

Ден по разговорите САД-Русија, нови санкции од ЕУ за Москва

Еден ден по стартот на разговорите за завршување на војната во Украина, помеѓу САД и Русија, Европската унија (ЕУ) најави нов, 16. по ред пакет санкции за Москва.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Што договорија САД и Русија за Украина?

Истите вклучуваат забрана за увоз на руски алуминиум, проширувајќи ја претходната забрана која ги опфаќаше само одредени алуминиумски производи. Примарниот алуминиум сочинува околу 6% од увозот на овој метал во ЕУ.

Санкциите ги опфаќаат и руските танкери кои се дел од „флотата во сенка“, користена за заобиколување на западните ограничувања за трговија со нафта. На црната листа се ставени 73 нови бродови, со што вкупниот број се зголемува на 153. На овие бродови им е забранет пристапот до пристаништата и услугите на ЕУ.

Новите санкции исфрлаат 13 руски банки од системот SWIFT и ги суспендираат дозволите за осум руски медиуми.

Новиот пакет на санкции на ЕУ за Русија треба да биде усвоен следната недела.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Украина имаше три години да преговара за мир, Зеленски има рејтинг од 4%, вели Трамп

Фото: Унсплеш

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

(ВИДЕО) Само во Македонија: Протест во скопски Ченто сред полициски час

Редакција

(Галерија) Нова колекција на Parfois, WOW фактор

Редакција

Милена Стевановиќ од СДСМ не е повеќе директорка на Инфективна, нов директор е Фадил Цана од Алијанса за Албанците

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница