еМагазин
Image default
Бизнис ТОП СТОРИИ

Дизелот и Еуросупер БС-98 од вечерва на полноќ со пониски цени

Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад (РКЕ) информираше дека дизелот од ноќеска на полноќ поевтинува за еден денар по литар, а цената на Еуросупер БС-98 се намалува за половина денар.

Цената на Еуросупер БС-95 останува иста.

Со одлуката на РКЕ се врши намалување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 0,54 отсто.

Новата малопродажна цена на Еуросупер БС – 95 ќе изнесува 77 денари за литар, Еуросупер БС – 98 ќе се продава за 79, Еуродизел БС (Д-Е V) за 72,5, а Екстра лесното масло за горење (ЕЛ-1) за 72 денара за литар.

Со одлуката на РКЕ за 0,281 денари за килограм се зголемува малопродажната цена на Мазутот М-1 НС и ќе изнесува 41,517 денари.

Од РКЕ посочуваат дека референтните цени на нафтените деривати на светскиот пазар во споредба со претходната пресметка бележат намалување кај бензините во просек за 1,355 отсто, кај дизелот за 2,341, а кај екстра лесното масло за 2,138 отсто, додека кај мазутот има зголемување за 0,219 отсто.

Курсот на денарот во однос на доларот по кој беа формирани цените со претходната пресметка е повисок за 0,566 отсто.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Пред истекот на рокот, „Тиквеш“ им ги исплати средствата за откупеното грозје на лозарите

Редакција

ИСОС го закружува процесот на ажурирање и објавување на регистрите на професионални сметководители

Редакција

Колкави приходи лани оствариле телевизиите 24 Вести, Наша и Сонце

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница