еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Дневна амбуланта за онкологија на ГОБ „8 Септември“, ќе почне со работа за неколку недели

За неколку недели треба да профункционира дневна амбуланта за онкологија на ГОБ „8 Септември“, најави министерот за здравство, Арбен Таравари, при денешната посета по повод отворање онколошко одделение и обезбедување терапија за пациентите со малигни заболувања.

„Има решение од Министерство за здравство да можат да се вршат амбулантско-консултативни прегледи и во оваа болница. Целта е дисперзирање на терапијата и растоварување на работата на Клиниката за онкологија,“ рече Таравари.

Директорот на болницата ГОБ „8 Септември“, Синиша Стојаноски појасни дека е изготвен план и динамика за почнување со работа на онколошката амбуланта, каде ќе може да се прима терапија на Одделот за специјалистичко-консултативната онкологија во оваа болница.

„За почеток ќе се трудиме динамиката да одговара на капацитетите, како кадровски, така и функционални на болницата, а постепено како што ќе се зголемува тимот, така ќе расте и бројката на пациенти кои ќе се третираат во оваа установа,“ истакна Стојаноски.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Обвинителство ја „чешла“ фирмата која ги ангажирала градежните работници кои загинаа во Шипковица

Редакција

Вучиќ: Денеска во Брисел всушност уште еднаш ништо не се случи

Редакција

Почина поранешната министерка Илинка Митрева

Петре Димитров

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница