еМагазин
Image default
БАШ НИ Е ЌЕФ

Доделена главната награда Opel Corsa од наградната игра „Телеком наградува“

Шаќир Брахими од Скопје е добитник на автомобилот Opel Corsa, главната награда од наградната игра на Македонски Телеком, „Телеком наградува“, информираат од компанијата.

Шаќир е припејд корисник на Македонски Телеком и денеска ги доби клучевите од својот нов автомобил.

Во наградната игра којашто траеше од 22.11.2023 до 10.1.2024 година учествуваа над 50.000 припејд и приватни постпејд корисници. Со бесплатно регистрирање преку апликацијата Telekom MK за секоја регистрација учесниците добиваа 5 GB мобилен интернет. За секоја регистрација преку Magenta Moments добиваа 500 Magenta Moments срца, коишто можат да ги искористат за активирање поволности од нашите партнери.

Освен главната награда, Opel Corsa, Македонски Телеком доделуваше и по еден T Phone смартфон дневно, со што вкупно се доделени 50 TPhone смартфони.

Сите добитници се објавени на веб-страницата на Македонски Телеком, telekom.mk.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Новогодишно изненадување од А1 Македонија

Редакција

„Зборовите имаат тежина” на Идеа Плус Скопје – меѓу најдобрите 25 проекти на BalCannes во регинотот за 2019 година

Редакција

Голема наградна игра: Премија од 250.000 денари како финале на 25. роденден на Веро

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница