еМагазин
Image default
Локално ТОП СТОРИИ

Дознајте колку сте интелегентни, утре тестирање на Менса Македонија во Скопје

Утре Менса Македонија во Скопје организира тестирање на општата интелигенција со цел прием на нови членови.

Тестирањето ќе се одржи во СУГС “Никола Карев” – Скопје, со почеток во 12 часот.

Кандидатите е потребно да имаат полни 16 години, да уплатат 500 денари на: примач: Менса Македонија, сметка: 300-0000002113-02 Комерцијална банка, цел на дознака: Тестирање, да понесат документ за лична идентификација на самото тестирање, од претходното тестирање да се поминати најмалку шест месеци и претходно да не се тестирале повеќе од три пати.

Пријавувањето е на следниот линк, каде треба да прикачите и доказ за извршена уплата, заклучно со 12.04.2024 година.

Тестирањето е бесплатно за сите крводарители, па наместо доказ за уплата, потребно е да приложите крводарителска книшка.

Тестирањето се одвива со стандардизирани тестови за интелигенција на Mensa International и резултатите се тајни.

Доколку вашиот резултат е во горните 2% од светската популација, стекнувате право да станете член на Менса Македонија, а со тоа и на Mensa International.

Фото: Фејсбук/Менса Македонија

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

По вчерашната средба со Димитриевски: Филипче, Спасовски, Османи и Адеми најверојатно одат во самоизолација

Редакција

(Фото) По 9 месеци проработеа сите хируршки сали на Клинички, кој доби нова компресорска станица

Редакција

Српската „Кедра“ го доби мултимилионскиот тендер на ЕЛЕМ за набавка на резервни делови за РЕК Битола

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница