еМагазин
Image default
БАШ НИ Е ЌЕФ ТОП СТОРИИ

Донаторска акција на стари книги во кафе-книжарницата „Илика“

Здружението за афирмација на младинската култура „Култура Бета“ во соработка со кафе-книжарниците „Илика“ и „Буква“ организираат донаторска акција за стари книги со цел собирање средства за поддршка на младинската култура и настаните кои ги организира „Култура Бета“.

„Ако имате вишок, дупликати, книги со кои сте скарани, книги што мислите дека треба и други да ги прочитаат или едноставно сакате да им олесните на вашите преполнети полици, имаме одлична шанса каде да ги дадете вашите стари, прочитани книги и тие да завршат во добри раце!“ известуваат од „Култура Бета“.

Книгите може да се донираат во периодот од 20 август до 20. септември, а кон крајот на септември ќе биде органзиран донаторски базар на стари книги, како и целодневна културна програма со млади уметници.

Средствата собрани од базарот ќе бидат искористени со цел поддршка на младите уметници, како и понатамошно организирање младински културни настани.

„Култура Бета“ е здружение формирано од млади луѓе кое скоро пет години посветено работи на ширење, афирмација и давање глас на младинската култура.

Нивната активност се состои од секојдневно објавување на текстови, поезија, осврти, критики поврзани со различните видови уметност на нивната социјална платформа, но исто така и организација на културни настани, промовирање на млади книжевници, ликовни уметници, музичари, фотографи.

Ваков настан „од заедницата за заедницата“ се организира со цел поголемо вмрежување на уметниците, креирање на култура во помали, неформални и независни простори, како и поттик за формирање културна заедница која ќе си помага меѓусебе.

Промотивна објава

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

(Видео) Масакр на Шри Ланка: Најмалку 100 загинати и над 250 ранети во серија експлозии

Редакција

Викендов сончево и топло, од идната недела променливо облачно и нестабилно

Редакција

Бугарската такса за рускиот гас ќе ја зголеми цената на струјата и парното за 20%

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница