еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

ДУИ есенва може да преземе чекори за дестабилизација на државата, вели Мицкоски

Премиерот Христијан Мицкоски денеска изјави дека македонските институции според информации добиени од повеќе канали, имаат сознанија дека опозициската ДУИ есенва може да преземе чекори за дестабилизација на државата, за како што кажа “го заштити капиталот што го создаваше изминатите 20 години“.

„Ние како влада имаме полно право да го браниме територијалниот суверенитет, интегритетот и мирот на граѓаните. Тоа е и целта на една држава. Врз основа на тие информации што ги имаме очекуваме тоа да се случи оваа есен.

Да почекаме времето да даде одговор, дали тие информации ќе се потврдат или нема да бидат точни“, рече Мицкоск на заедничката прес-конференција со неговиот косовски колега Албин Курти.

Тој не откри повеќе детали за тоа како ДУИ ќе ја дестабилизира државата. Неодамна во интервју за „Фокус“ посочи дека не ја исклучува можноста одредени групи и структури да бидат несвесно изманипулирани, а тоа, според него, може да го предизвика територијалниот интегритет и суверенитет, односно да создадат криза.

За тоа дали има информации дали се подготвуваат сценарија со протести, Мицкоски посочи дека нема такви информации, но дека протестите се легитимни сѐ додека се демократски и мирни, но ако преминат во насилни, повтори, дека тогаш како влада имаат право да го бранат суверенитетот на државата.

Фото: Игор Бансколиев

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Сонце и снег во Скопје, главниот град на Република Северна Македонија

Редакција

Вкупно 52 пожари во последните 24 часа, четири сè уште активни

Редакција

Безбедносната состојба во земјава е стабилна, има доволно стокови резерви и енергенси, заклучено на седницата на Совет на безбедност

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница