еМагазин
Image default
БЕНЧМАРК ТОП СТОРИИ

Европска комисија ќе испрати помош за гаснење на пожарите кај нас и во Бугарија

Европската комисија (ЕК) донесе одлука да мобилизира помош за Македонија и Бугарија во справувањето со шумските пожари што ги зафатија двете земји, соопшти денеска портпаролот на ЕК за хуманитарна помош и справување со кризи, Балаш Ујвари.

„Со активирање на Механизмот за цивилна заштита на ЕУ, во Северна Македонија се распоредени четири хеликоптери и три противпожарни авион од Хрватска, Словенија, Србија и Турција.

Во Бугарија се испратени два хеликоптера за гаснење пожари од Чешка. Подготвени сме да мобилизираме и дополнителна помош,“ изјави Ујвари.

Во пресрет на летото, ангажирани се над 500 пожарникари, 29 авиони и четири хеликоптери за гаснење пожари распоредени низ цела Европа.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

(Видео) Пожарите во Битола и Радовиш под контрола

Поради пожар затворена за сообраќај обиколницата кај Битола, лесно повредени двајца пожарникари

Помош за пожарите и од Хрватска

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Ердоган: Западот ништо не направи за Појасот Газа туку дополнително го разгоре огнот

Редакција

„Промонтинг“ го доби милионскиот тендер за тековно одржување на објектите на МВР

Редакција

Вакцина против коронавирус ќе биде тестирана најрано во април

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница