еМагазин
Image default
ЖИВОТ ТОП СТОРИИ

Еден повреден од пожарот во Кочани кој се лекуваше во Австрија се враќа во државата

Министерството за здравство информираше дека еден пациент од повредените од пожарот во Кочани, кој беше хоспитализиран во медицински центар во Австрија, денеска се враќа во Македонија, по што согласно протоколите ќе биде задржан под 24-часовен надзор.

Со тоа, во странските медицински центри се третираат 80 повредени, од кои двајца се третираат амбулантски, а нема промена во нивната состојба во однос на минатите денови.

Во изминатото деноноќие на Клиниката за пластична хирургија е примен пациент кој е вратен од Грција и по неопходните испитувања ќе биде пуштен на домашно лекување.

Во моментов на оваа Клиника се хоспитализирани тројца повредени.

Во изминатото деноноќие нема згрижени повредени на Клиниката за токсикологија.

Во ГОБ 8 Септември се хоспитализирани тројца, а во Хируршката клиника Свети Наум остануваат шест, кои се хоспитализирани на одделение.

На Клиниката за пулмологија се хоспитализирани двајца повредени, додека во приватните установи останува непроменета состојбата со бројот на хоспитализирани.

Пристигнати се и тимови од странство со големо искуство во областа на рехабилитација на пациенти со изгореници кои во моментов прават евалуација на просторните услови и апаратурата во неколку центри за рехабилитација на пациенти со изгореници.

Фото: МЗ

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

(Галерија) Македонката Елена Реи блесна во креациите на еден од најстарите и најдобри германски дизајнери Marc Cain

Редакција

Македонски ученици со часови чекаа на српско-унгарската граница поради зголемен сообраќај

Редакција

Македонската армија 108. во светот, прва е армијата на САД, а втора на Русија

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница