еМагазин
Image default
Локално ТОП СТОРИИ

Жената од Кратово која го уби сопругот и свекорот пријавувала семејно насилство, ама ја пријавувале и неа

Триесет и шест годишната жена од Кратово која завчера во семејната куќа со нож го уби сопругот и свекорот пријавувала семејно насилство, ама ја пријавувале и неа, објави телевизијата Телма.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Познат идентитет на жената од Кратово која ги уби сопругот и свекорот: Детали од МВР

Според телевизијата последната пријава за семејно насилство од нејзина страна е од годинава.

За семејно насилство нејзе со поплака ја пријавила свекрвата, а за истото дело лани ја пријавила и золвата.

Нејзиниот сопруг пак ја пријавил за семејно насилство во 2020 година, а во 2019 година против него во Основното јавно обвинителство Куманово била поднесена кривична пријава за загрозување на сигурноста при семејно насилство.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

36-годишна жена во Кратово го убила сопругот и свекорот

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Кои се најдобрите трговски објекти во Скопје во категоријата „компјутерска, аудио – видео и телекомуникациска опрема“

Редакција

(Фото) Оштетена иконата на Исус на крстот во Драчево, ставен и Куран

Редакција

Скопска апелација ја потврди пресудата за случајот „Насилство во Центар”, а предметот „Тарифа” го врати на повторно судење

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница