Жито Караорман АД Кичево лани остварил загуба во износ 204.113 илјади денари, искажана во неревидираниот Биланс на успех, соопшти Друштвото преку Македонската берза.
-Вкупните приходи во 2023 година изнесуваат 110.503 илјади денари и истите се зголемени за 12,47% во однос на претходната година кога изнесувале 98.245 илјади денари. Приходите се остварени на домашниот пазар.
Вкупните расходи во 2023 година изнесуваат 314.616 илјади денари и истите се зголемени во однос на 2022 година кога изнесувале 97.786 илјади денари, велат од таму.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Селаудин Арифи, сватот на Ахмети и официјално го презеде „Жито Караорман“
Кичевски „Жито Караорман“ откако го купи Селаудин Арифи доби нов Одбор на директори