еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Забраната за македонското знаме на „Австралија опен“ била ненамерен пропуст

Забраната за македонското знаме на „Австралија опен“ била ненамерен пропуст, информираат од Министерството за надворешни работи (МНР).

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

(Фото) Македонското знаме на „црната листа“ на „Австралија опен“?

Од таму велат дека по добиените информации за пропустот поврзан со македонското знаме на тенискиот турнир „Австралија Опен“, МНР, преку амбасадата во Канбера, реагирала до Министерството за надворешни работи и трговија на Австралија, како и до организаторот на турнирт.

-Оттаму добивме уверување дека се работи за ненамерен пропуст – техничка грешка, која е веднаш исправена и која не предизвикала ефективни ограничувања.

Беше испратено длабоко извинување и уверување дека инцидентот нема да влијае врз силните врски помеѓу граѓаните на Австралија и Северна Македонија, кои се карактеризираат со пријателство и љубов кон спортот, велат од МНР

Организаторот појаснил дека согласно важечките правила, на трибините за време на натпреварите на турнирот дозволено е да се веат само знамиња на учесниците на натпреварот.

-Воедно добивме и потврда дека за време на учеството на нашата натпреварувачка Лина Ѓорчевска, официјалното знаме на земјава било присутно на трибините меѓу гледачите без никакви ограничувања, велат од МНР.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

(Галерија) Како изгледаше пречекот на европскиот шампион Бесир Алили на плоштадот Скендербег

Редакција

Собранието доби „заштитена соба“ за поголем надзор над безбедносните служби

Редакција

Трагедија: По удар од автомобил загина самохрана мајка на враќање од трета смена од фабрика во Штип

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница