еМагазин
Image default
БАШ НИ Е ЌЕФ

Започна пријавувањето за „Халк Еко Скопје Трча 10КМ“

Денеска започна пријавувањето за осмото издание на трката „Халк Еко Скопје Трча 10км“, кое ќе се одржи на 12.05.2024 година. Сите кои сакаат да бидат учесници, ќе може да се пријават најдоцна до 30.04.2024 година. Доколку се пополни предвидениот број на учесници, пријавувањето ќе биде затворено и порано.

Право на учество во трките имаат сите државјани на Република Македонија и странски државјани, од двата пола, а при самиот процес на пријавување, потребно е секој учесник да го одбере неговото таргет време со кое планира да ја заврши трката. Учесниците ќе бидат поделени во пет стартни боксови според таргет времето.

Стартот на трката ќе биде во 09:00 часот на булевар „Илинден“ во близина на Фонтана „Лотос“ и на истото место ќе биде и целта на трката. Ќе се трчаат 10 километри по булевар „Илинден“ и по дел од булевар „Партизански одреди“.

Церемонијата на доделување награди ќе започне по завршување на трката. На трката со 10 км, првите 5 места во машка и женска конкуренција ќе бидат парично наградени и највисоката парична награда ќе изнесува 30.000 денари.

Организатор на трката е Сојузот на спортови на Скопје, во соработка со А.К. Скопски Маратон, А.К.Работнички, додека покровител е Агенцијата за млади и спорт и Град Скопје.

Патеката на „Халк Еко Скопје Трча 10км“ е измерена и сертифицирана од страна на овластено лице од АИМС и Светска Атлетика.

Побрзајте и резервирајте го Вашето место на стартната линија преку веб-страната www.skopje.run, каде ќе можете да ги најдете сите  подетални информации за настанот.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

„Алкалоид“ добитник на „Патент на годината за 2023“ за иновативниот „Омепразол“ во течна форма

Редакција

Холандска поддршка за набавка на тестови за коронавирусот развиени од Меѓународната агенција за атомска енергија

Редакција

Зимски фестивал на книгата во ТРИ, серија книжевни средби помеѓу писатели и читатели

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница