еМагазин
Image default
Бизнис ТОП СТОРИИ

За налепниците и регистарските таблици со „NМК“, МВР склучи договор со „Квантум“ вреден 2,3 милиони евра

Министерството за внатрешни работи за набавка на налепници и регистарски таблици со новата ознака „NМК“, склучи договор со трговското друштво за сообраќај, внатрешен и надворешен промет “Квантум„ ДООЕЛ Скопје.

„Квантум“ заедно со германската компанија „ЕХА Хофман интернационал“ ќе ги изработува табличките и налепниците.

Се набавуваат четири видови двојни налепници, по цена (зависно од димензиите) од 29,4 денари до 41,3 денари.

Според понудата од „Квантум“ пар регистарски таблици пак чинат 637 денари со вклучен ДДВ.

Вредноста на договорот е 141.600.000 денари или 2.302.439 евра.

Сите детали ОВДЕ.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

МВР склучи договор со „Симболико“ вреден 1,9 милион евра

МВР склучи договор со Пнеуматик груп вреден 1,3 милион евра

МВР склучи договор со „Понир в копи“ вреден 857,6 илјади евра

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Владимир Ивановски на местото на Андреа Шаги во Одборот на директори на Македонски телеком

Редакција

(Фото) Ново злато за Македон

Редакција

Каков имот пријавил Ивица Боцевски, специјалниот претставник на Владата при унгарското претседателство со Советот на ЕУ

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница