еМагазин
Image default
ЖИВОТ ТОП СТОРИИ

За првпат во Македонија направена операција на мозок со свесен пациент

За прв пат во историјата на неврохирургијата во Македонија е направена awake brain surgery, операција на мозок со свесен пациент.

Операцијата е направена кај млада пациентка која имала тумор блиску до центрите за говор и движење на десната рака и нога.

„Предноста на аwake brain surgery е поради неопходната соработка која хирургот ја има со пациентот додека трае операцијата.

За да се отстрани максимална количина на тумор без да се оштетат центрите за говор и движење хирургот комуницира со пациентот. Мозочното ткиво не содржи рецептори за болка, па самиот тек на операцијата е безболен.

Кај нашата млада пациентка операцијата помина одлично. Туморот е изваден до максималните можни граници и пациентката се осеќа добро.

Им честитам на тимот анестезиолози предводен од д-р Весна Дурнев и упатувам благодарност до колегата д-р Игор Лазиќ од Клиниката за неврохирургија во Белград. Драго ми е што моите млади колеги имаа голем интерес и желба да бидат повторно мој верен тим во операционата сала“, информираше на Фејсбук неврохирургот и поранешен министер за здравство, Венко Филипче.

Фото: Филипче/Фејсбук

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Проф.Трајковски: „Многу сум лут на нашите здравствени власти што не ми го признаваат доказот за антителата како рамноправен со втора или трета доза вакцина“

Редакција

Следува период на сончево време со повисоки температури, од недела повторно заладување

Редакција

Сочувајте ја свежината на храната во фрижидерот со советите од Рептил

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница