Убиството на 67-годишниот матичен доктор Ацо Трпковски во скопска Железара, кој беше пронајден со неколку убодни рани во неговиот автомобил, е во фокусот на јавноста.
Од Министерството за внатрешни работи информираа дека истрагата за неговото убиство е во напредна фаза.
Досега е направен разговор со над 15 сведоци, а прегледани се и 40 видео снимки од камери.
Освен тоа се вештачи и неговиот телефон, се анализираат листинзи од телефонските броеви, а дополнително се вештачи и неговиот автомобил.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Ацо Трпковски е убиениот доктор во скопска Железара
Убиениот доктор во скопска Железара има повеќе убодни рани: Детали од Обвинителството