еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Утре лидерска средба, ќе има ли договор за датумот за избори и без премиер од ДУИ

Утре во 12 часот се очекува одржување на долгонајавуваната лидерска средба, на која е најавено и присуство на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски.

Од најголемата опозициска партија очекуваат да се разговара за прецизирање на датумот на изборите, прифаќање на забелешките на ОБСЕ/ОДИХР, како и понудата за укинување на техничката влада.

Премиерот Димитар Ковачевски е оптимист дека ќе има успешна лидерска средба, од која очекува дека ќе произлезе точниот датум за изборите.

„Нема консензус меѓу партиите да се укине техничката влада, но се уште има време макар и во нејзин мандат да се донесат уставните измени“, изјави Ковачевски.

Министерот за надворешни работи и потпретседател на ДУИ, Бујар Османи вели дека е важно на лидерската средба да се постигне консензус дали изборите ќе се одржуваат споено или одвоено.

„Јас би се согласил за наредните избори да се повлече Пржинската влада, но не на овие избори. Едноставно сме преблиску за да ги смениме правилата на игра во последен момент.

Сега, на овие избори, продолжуваме со истите правила на игра согласно договореното и уште при формирање на коалицијата“, изјави Османи.

Од Левица потврдија дека ќе се појават на лидерска, како и партиите од владината коалиција.

Фото: Влада

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

222 здравствени работници во Македонија заболени со коронавирусот, 37 оздравени

Редакција

(Видео) Заев побара проверка на имотот на судиите и обвинителите, ВМРО-ДПМНЕ обвини дека го урнал правниот систем

Редакција

Нови 183 случаи на Ковид-19 од 1.362 тестови, 24 се реинфекции

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница