еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Избрани 31 нови јавни обвинители, еве кои се

Денеска од страна на Советот на јавни обвинители беа избрани 31 нови јавни обвинители во 10 основни јавни обвинителства.

Во Основното јавно обвинителство Скопје се избрани Сашо Палчевски, Бурханедин Нухију, Ирина Црвенковска, Јана Ристеска, Милена Новеска Латиновска, Кристијан Смилевски, Бојана Ваневска, Илир Зајази, Александар Софронијовски, Динче Стојановска, Марија Секуловска Велковска, Марина Галева, Орхан Арифовски и Давид Неделков.

За јавен обвинител во Основното јавно обвинителство Битола е избрана Ангелина Ангелевска Илиевска, во Основното јавно обвинителство Гевгелија, Драгиња Аврамчева, во Основното јавно обвинителство Делчево, Благој Митевски, во Основното јавно обвинителство Охрид, Ерол Шериф, а во Основното јавно обвинителство Струмица, Кире Манински.

Во Основното јавно обвинителство Куманово се избрани Ивана Јавнески и Лукман Салихи, во Основното јавно обвинителство Прилеп, Кирил Јовчески и Марија Шокоска, во Основното јавно обвинителство Тетово, Илзана Касами Шабани, Стефан Попоски и Блерим Бесими, а во Основното јавно обвинителство Штип, Здравко Кескинов Жежов и Луција Кашуба.

Кандидатот Арсим Адеми, кој се кандидирал за основните јавни обвинителства во Гостивар и Кичево не го добил потребниот број на гласови.

За основните јавни обвинителства во Крива Паланка, Велес, Струга, Кочани и Радовиш немало пријавени кандидати, а за Јавното обвинителство Ресен бил пријавен само еден кандидат, кој е избран за обвинител во Основното јавно обвинителство Охрид.

Фото: Унсплеш

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Самит Македонија 2025: 90 лица од дијаспората им помагаат на македонските компании да го зголемат извозот

Силвана Жежова

Нема усогласен документ со Бугарија, не се врзуваме со датуми, вели Ковачевски

Редакција

Средбите на Ахмети со Заев и Груевски беа за помирување, а со Мицкоски за Кривичниот законик, велат од ДУИ

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница