еМагазин
Image default
БАШ НИ Е ЌЕФ ТОП СТОРИИ

Изложба на македонскиот рубин и концерт на „Баклава“ пред загрепската публика

Во македонскиот Културно информативен центар во Загреб денеска, загребската публика ќе има ексклузивна можност да проследи уникатен мултимедијален културен настан во рамките на кој ќе биде отворена изложбата „Македонскиот рубин – моќниот зрак на нашето срце“ и ќе биде одржан етно концерт на групата „Баклава“, информираат од таму.

Етно концертот на групата „Баклава“ која го чествува јубилејот на своето 20 годишно постоење, ќе понуди богата програма од традиционални и авторски песни испеани на повеќе јазици. Се работи за песни кои авторката Елена Христова ги селектира од целокупниот репертоар на „Баклава“.

Исто така авторката која за второ живеалиште со години ја има Турција, ќе ја запознае публиката со своите долгогодишни истражувања. На репертоарот ќе се најдат и песни од нејзиниот најнов проект „Јоруклук“.

Покрај Елена Христова која е автор и носител на проектот, во групата „Баклава“ членуваат петмина врвни музичари со богата музичка кариера и автентичен музички израз кој кокетира со различни музички стилови од класична музика, поп, рок, џез, панк, традиционална и чалгиска музика, сето тоа преточено во world music.

Изложбата „Македонскиот рубин – моќниот зрак на нашето срце“, македонскиот Културно информативен центар во Загреб ја реализира во соработка со македонското Здружение „Откритие“ оформено во 2023 година со основна дејност – популаризација на светското и македонското минералошко богатство.

Здружението „Откритие“ во својата колекција поседува вредни примероци на природни минерали, кристали и фосили меѓу кои и примерок Алги строматолити стари 1,8 милијарди години кои се првата форма на живот на Планетата Земја.

Автори на изложбата се инженерите Деан Шкартов и Илија Петковски, кои десетици години се занимаваат со промоција на природните кристали, минерали и скапоцени камења. На изложбата ќе бидат претставени експонати и реплики изработени од овој скапоцен камен.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Каков имот пријавил Мухамед Зеќири, кој е осомничен за злоупотреба на позицијата генерален секретар на Владата

Редакција

За новогодишната ноќ снег само на планините, во останатиот дел суво и температура до минус два

Редакција

Детален преглед: Кои фирми земале државна помош во ноември, а не исплатиле плати

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница