еМагазин
Image default
ЖИВОТ ТОП СТОРИИ

Инсталиран е новиот систем за компримиран воздух на комплексот клиники

Министерството за здравство информира дека во целост е завршена монтажата и инсталирањето на системот за компримиран воздух на комплекс клиники „Мајка Тереза“ Скопје.

„Монтирани и инсталирани се три компресори со потребната придружна опрема (резервоари, сепаратор, автоматски одвојувач на конденз електронски контролиран, циклонски сепаратор отстранување на влага и масло на излезен степен од компресор и друга опрема).

Исто така, извршена е замена и монтажа на бакарен цевен развод, приклучни места; разводни ормани за компримиран воздух за снабдување на оперативниот блок од 12 сали и 2 сали на Клиниката за пластична хирургија, согласно европската фармакопеја, изработена согласно европската директива 93/42/EEC.

Во тек е пробна работа на системот за компримиран воздух на комплекс клиники „Мајка Тереза“ -Скопје. По завршување на пробната работа, Министерството за здравство ќе одреди термин за целосен прекин на снабдувањето со компримиран воздух на сите клиники во болничкиот комплекс, за поврзување со останатите корисници,“ се вели во соопштението.

По спроведување на овие активности, системот за компримиран воздух ќе биде ставен во целосна функција.

Фото: МЗ

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Бројот на заразени продолжува да расте: 54 нови случаи на Ковид-19 од 3.764 тестирања

Редакција

Починаа уште три лица од Ковид-19, вкупно 775

Редакција

(Видео) Македонски автобус за малку избегна трагедија да не пропадне во надојдената Западна Морава

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница