еМагазин
Image default
БЕСПАРИЦА ТОП СТОРИИ

Инфлацијата во јануари 4.9%

Индексот на трошоците на животот во јануари 2025, во однос на јануари 2024 година, бележи зголемување од 4.9%, а индексот на цените на мало раст од 5.2%, соопшти Државниот завод за статистика.

Инфлацијата мерена преку индексот на трошоците на животот во јануари 2025 година, во однос на декември 2024 година, изнесува 0.2%.

Зголемувањето на инфлацијата во јануари 2025 година, во однос на декември 2024 година, е резултат на зголемувањето на трошоците на животот во следните групи: Разновидни стоки и услуги за 1.6%, Мебел, покуќнина и одржување на домаќинствата за 1.5%, Ресторани и хотели за 0.7%, Храна и безалкохолни пијалаци, Алкохолни пијалаци, тутун и наркотици и Рекреација и култура за 0.1%.

Во јануари 2025 година, во однос на декември 2024 година, намалување на трошоците на животот е забележано во следните групи: Транспорт за 0.9%, Комуникации за 0.4% и Облека и обувки за 0.2%.

Трошоците на животот во групите: Домување, вода, електрика, гас и други горива, Здравје и Образование остануваат на исто ниво како и во претходниот месец.

Индексот на цените на мало во јануари 2025 година во однос на декември 2024 година бележи намалување од 0.4%.

Фото: Игор Бансколиев

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Бугарското вето за Македонија е и вето на европската политика на Балканот, оцени Димитров на „Отворен Балкан“

Редакција

И заменикот министер за земјоделство, Беџети, поднесе оставка, ќе оди со Таравари

Редакција

Ученик претепал наставничка во скопското основно училиште Димо Хаџи Димов во Влае

Редакција
Close

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница