еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Испечатените електронски документи ќе имаат иста важност како и оригиналните

Измените на Законот за електронски документи, електронска идентификација и доверливи услуги,  предвидуваат испечатениот електронски документ да има иста важност како и оригиналниот.

„Во Собранието, мнозинството ја изгласа измената на Законот за електронски документи. Од сега електронски извадените документи од порталот или било кој друг државен портал, кој што се целосно електронски, ќе можете да ги испечатите и да ги користите исто како оригинален документ. Нема да треба да одите по печат“, најави министерот за дигитална трансформација Стефан Андоновски.

Досега, електронските документи, институциите ги сметаа за копија.

“Со измени на законот, овој испринтан електронски документ ќе има иста важност како да е со обичен син печат, така што ќе може целосно да се користи насекаде“, додаде Андоновски.

Фото: Влада

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

(ВИДЕО) Објавен спотот за „Одиме на Европско“, химната за Европско првенство во фудбал

Редакција

(Видео) Полицајци се степале со обезбедување со казино, министерот Тошковски објави снимка од тепачката

Редакција

Извештајот на ДСЗИ за случајот со ракометарот Тот е доставен во мојата канцеларија, се чека извештај од судска медицина, вели Сали

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница