еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

И Албанија почна да се меша во внатрешните работи на Македонија

И Албанија почна да се меша во внатрешните работи на Македонија. Во земјава денеска е Елиса Спиропали, претседателка на Собранието на Република Албанија, која си дозволи да коментира дури и одлука на македонски суд, но и даде свои очекувања за внатрешни прашања на Македонија.

Кажа дека очекува да продолжат вработувањата во администрацијата по етнички клуч, кои пред неколку дена ги замрзна македонскиот Уставен суд, а очекува и зголемена употреба на албанскиот јазик и целосна имплементација на Законот за јазици.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Стопирани вработувањата по етнички клуч, Уставен го „замрзна“ балансерот

– Сигурна сум дека правичната и пропорционална застапеност на Албанците во институциите на земјава ќе продолжи, тоа е во наш заеднички интерес, и е по сите стандарди на една мултиетничка држава и функционално општество.

Целосно ја препознаваме и ја разбираме загриженоста на албанскиот фактор за можноста од промени, во зависност од очекуваната одлука на Уставниот суд, но очекуваме дека ваквите нарушувања ќе имаат решение согласно духот што го диктира Охридскиот рамковен договор, рече таа.

Очекува и завршување на Коридорот 8, а и изрази жалење што Македонија не ја исполнила преземената обврска за уставните измени.

-Едвај чекам да го поминам патот Тирана-Скопје и обратно преку овој Коридор, рече меѓудругото таа.

Фото: Собрание

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

(Фото) Во петок се отвора новиот трговски центар Diamond Mall

Редакција

Пендаровски потпиша наредба за ангажман на Армијата во обезбедување на болниците

Редакција

Производството на зеленчук зголемено за 84%

Редакција
Close

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница