еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

И Македонците во Бугарија во извештајот на Стејт департментот за човековите права

И Македонците во Бугарија, на кои оваа членка на Европската Унија не им дозволува право на здружување се најдоа во извештајот на американскиот Стејт департментот за човековите права.

Како што пренесува Гласот на Америка на македонски јазик, во однос на слобода на здружување во Бугарија, извештајот вели дека законот предвидува право на слобода на здружување и оти владата генерално го почитувала, но оти „властите продолжија да негираат регистрација на етничко-македонски активистички групи како што се Обединета македонска организација – Илинден, Друштвото на угнетените Македонци во Бугарија – жртви на комунистичкиот терор, Здружението за заштита на основните индивидуални човекови права 2023 година и Македонскиот културен клуб „Никола Вапцаров““.

„И покрај бројните претходни одлуки на Европскиот суд за човекови права дека негирањето ја нарушува слободата на здружување на групите“, стои во извештајот.

Во него се додава дека во февруари, Окружниот суд во Пловдив ја потврдил одлуката на Агенцијата за регистрација со која се одбива регистрацијата на Обединетата македонска организација Илинден – Пловдив, со образложение дека целите на групата, вклучително и официјалното признавање на македонското етничко малцинство, биле насочени кон поделба на нацијата и ќе создадат услови за етнички конфликт.

Во мај, Апелациониот суд во Пловдив ја потврди одлуката на понискиот суд, нотира извештајот.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Македонците од Бугарија ја тужат Европската комисија за да ја принуди Бугарија да им ги признае правата

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Еуфорија на Твитер за местенката на Заев: „Кој знае колку стоел мирно до телефонот кога зборел со Столтенберг“

Редакција

„ЕУ и критериуми исто ко магаре и музика“: Твитер реакции за одлуката на Унијата да започне преговори со Украина и Молдавија

Редакција

Бугарија не сакала да се меша во внатрешните работи на Македонија, вели техничкиот премиер Донев

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница