еМагазин
Image default
Бизнис ТОП СТОРИИ

Каде сѐ освен Штип, Лидл планира да отвори маркети

Германскиот синџир на маркети Лидл во Штип планира да отвори два маркети и веќе разгледува локации.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Лидл планира два маркети во Штип

Освен во Штип, како што пишуваше периодов еМагазин, Лидл веќе го гради својот прв маркет во Скопје, а неофицијално овде ќе има и други.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Лидл ќе почне да го гради првиот маркет во Скопје, урнат објектот на „Бриколаж“

Лидл почна да го гради и маркетот во Кавадарци.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Почна да се гради маркетот на Лидл во Кавадарци, треба да биде завршен за 8 месеци

Во Битола пак веќе е изграден првиот маркет на Лидл, а таму се планира уште еден.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ЕКСКЛУЗИВНО: Лидл сака да отвори уште еден маркет во Битола

Лидл планира и маркет во Струмица, каде исто така разгледува локации.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Лидл планира маркет и во Струмица

Како што објави неодамна еМагазин Лидл планира маркети и во Кичево и Тетово.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Маркетот на Лидл во Кичево треба да биде завршен кон крајот на март следната година

Во Куманово пак во тек е изградбата на логичко-дистрибутивниот центар на Лидл, кој ќе биде регионален.

Засега нема официјална информација кога ќе се отворат првите маркети. Неофицијално истите се очекува да се отворат следната или во 2026 година, имајќи го во предвид фактот што ланецот кога влегува на одреден пазар отвара истовремено неколку маркети.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ЕКСКЛУЗИВНО Лидл купи парцели и во Тетово и Кичево

Фото: Лидл

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

За Русија во Украина ќе се борат над 16.000 доброволци од Блискиот Исток

Редакција

Продаден блок акции од „Скопски пазар“ за 1,9 милиони денари

Редакција

(Видео) Боки 13 побара повторување на постапката за „Рекет“, тврди дека Камчев и Русковска знаат каде се парите од чантата „Луј Витон“

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница