еМагазин
Image default
ЖИВОТ ТОП СТОРИИ

Какво време нè очекува за новогодишната ноќ

Времето денеска ќе биде сончево со мала локална облачност. Ќе дува слаб ветер од северозападен правец. Утрото ќе биде ведро и студено со услови за појава на магла по одделни котлини. Минималната температура ќе се движи од -7 до 3, а максималната од 7 до 14 степени.

Во Скопје утрото ќе биде ведро и студено со појава на утринска магла, а во текот на денот сончево и тивко со мала облачност. Минималната температура ќе се спушти до -4, а максималната ќе достигне 9 степени.

Според Управата за хидрометеоролошки работи, до петок ќе се задржи стабилно, суво и претежно тивко време со ниски утрински температури. По одделни котлини ќе има појава на магла со пониски дневни температури. Во сабота се очекуваат локални врнежи од дожд, а на планините од снег.

Фото: Град Скопје

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

(Фото) МВР води истрага за причините за пожарот во Дрисла

Редакција

(Фото) Директори на училишта се степаа пред ноќен клуб во Кавадарци, Јанчев најави нивно разрешување

Редакција

Duferco Skop SA повторно купи акции на Макстил

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница