еМагазин
Image default
НАША ТЕМА ТОП СТОРИИ

Каков имот пријавил Арбен Таравари, кандидат за претседател на Македонија на албанската опозиција

Градоначалникот на Гостивар и претседател на Алијансата за Албанците (АА), Арбен Таравари, иако до пред неколку дена велеше дека не е заинтересиран, сепак одлучи да се кандидира за претседател на Македонија, како кандидат на АА, а подршка му даде и Европскиот сојуз за промени, кој го сочинуваат партиите Беса, Алтернатива и Демократскиот сојуз.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Арбен Таравари објави кандидатура за претседател на Македонија

еМагазин го разгледа неговиот анкетен лист кој го доставил до Антикорупциската комисија кога станал градоначалник.

Каков имот пријавил

На свое име пријавил куќа во Скопје од 261 метар квадратен, проценета на 9,2 милиони денари.

На име на сопругата пак пријавил стан, исто така во Скопје од 94 метри квадратни.

Вози Волво, а неговата сопруга Цитроен.

На име на родителите пак пријавил три деловни простори и две куќи во Гостивар, како и градежно земјиште во Тетово, од наследство.

Има и кредит од 6,1 милиони денари, кој треба да го врати до 2043 година.

Како заеднички имот пријавил и колекција од уметнички слики од македонски автори, а на име на сопругата златен накит, проценет на 1,3 милион денари.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Која е Билјана Ванковска, претседателски кандидат на Левица

Кој е Вело Марковски, кој ќе се кандидира за претседател

Фото: Фејсбук/Таравари

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

На атинското пристаниште Пиреас запленети 57 килограми кокаин, во вредност од над два милиони евра

Редакција

Починаа уште 11 лица од Ковид-19, вкупно 3.137

Редакција

Европската комисија за година предвидува раст од 2% на македонската економија, за наредната 3,1%

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница